Објавено на:

Американски дипломат со нова уцeнa за Русија

t

Соединетите држави и западните земји мора веднаш да воведат санкции кон Русија за да ги спречат нејзините барања за изнуда и да ја принудат на отстапки, напиша Курт Вокер, поранешен специјален пратеник на Стејт департментот за Украина, во напис на веб-страницата на Центарот за анализа на европската политика.
Досега, рече тој, Вашингтон и неговите сојузници воведоа економски ограничувања на Москва само откако таа направи нешто лошо.
„Трендот треба да се промени – Западот треба веднаш да воведе нови санкции и да се согласи да ги укине само доколку Русија се откаже од воената ескалација“, рече Волкер.
Американскиот дипломат смета дека тоа ќе помогне да се спречи агресија врз Украина. Сепак, тој не прецизираше на кој начин руската страна му се заканува на Киев.

Западните медиуми веќе подолго време најавуваат наводна руска инвазија на Украина, што Москва постојано го демантираше, нагласувајќи дека никому не се заканува и не планира никого да нападне. Руското Министерство за надворешни работи претходно изјави дека сличните обвинувања против Москва и изјавите за нејзината подготвеност да му помогне на Киев да се заштити се и смешни и опасни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…