Американски државјанин нападнал двајца полицајци кај Демир Капија
Државјанин на САД нападнал двајца полицајци, информираат од МВР.
Се појаснува дека СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.С.(36) од САД поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
-На 18.02.2026 кај наплатна станица Демир Капија, пријавениот физички нападнал двајца полициски службеници кои вршеле службени дејствија, информираат од полицијата.