Американски сенатор го “искара” Петков: Македонија ја има целосната поддршка од САД
Американскиот сенатор Крис Марфи, член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД, во вторникот се сретнал со премиерот на Бугарија Кирил Петков, при што разговарале за енергетската безбедност во Бугарија и напредокот на билатералните разговори со Македонија, стои во соопштението од Канцеларијата на сенаторот.
„Ми беше драго што се сретнав со премиерот Петков за да разговараме за поддршката на Бугарија за Украина и за тоа како САД можат да помогнат во обезбедувањето алтернативни извори на енергија по суспензијата на Русија на испораките на Гаспром во земјата. Од клучно значење е да инвестираме во енергетска безбедносна помош во следната дополнителна Украина за да им помогнеме на земјите како Бугарија да ја прекинат зависноста од руската нафта и гас и да го отсечат Путин од неговиот најголем извор на приходи“, рекол Марфи.
„Разговаравме и за важноста на напредокот на билатералните разговори со Северна Македонија за деблокирање на патот на Скопје кон членство во Европската унија. Членството на Северна Македонија на крајот е во интерес на Бугарија и јас јасно ја ставив до знаење поддршката на САД за заклучок кој обезбедува пат напред“, потенцирал Марфи, стои во соопштението, од Канцеларијата на сенаторот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил
Министерството за внатрешни работи на Украина објави…
Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…
Не може да има „пасивен став“ кога…
Петков: Францускиот предлог е најдобар, утре одново…
Владата во Бугарија попладнево заседавала и е…
Бугарската легенда Петков: Не сакам ни да…
Легендарниот голман на Бугарија, Георги Петков не…
Бориславова: Петков наскоро нема да го посети…
Бугарскиот премиерот Кирил Петков наскоро нема да…