Американците бараат целосно укинување на Ковид ограничувањата
Филаделфија од денеска повторно применува режим на носење маски, а група стопанственици и граѓани викендов поднесоа тужба против градот за воведената мерка. Суд во Флорида, пак, денеска ја оспори владината препорака за носење маски во јавниот транспорт и во авионите.
Филаделфија ги врати маските во употреба по скокот на бројот нови инфекции во изминатите недели. Мерката е воведена по нешто повеќе од еден месец откако беше укината од градот на почетокот на март и повикува носење маски во затворени простории, како што се ресторани и продавници. Бројни сопственици на бизниси и граѓани протестираат, додека експертите ја поддржуваат.
Центрите за контрола на заболувањата (ЦДЦ) пак, ја продолжија до крајот на мај препораката за носење маски во јавниот транспорт и во авионите на федерално ниво. Суд во Флорида ја оспори таквата одлука повикувајќи се на „непочитување на протокол според Законот за административна процедура”, што наложува носење мерки од надлежни органи, а „мерката ја надминува статутарната надлежност на ЦДЦ”.
Судската одлука е донесена од судија назначен од претседателот Доналд Трамп, а е разултат на тужба поднесена лани во Тампа од организацијата наречена Фонд за одбрана на здравствената слобода.
Бројот на нови инфекции во САД на 17 април изнесувал 37.619 инфекции во просек или 39 отсто повеќе отколку дневниот просек пред две недели. Морталитетот од коронавирус пак е намален – на 17 април имало регистрирано 511 смртни случаи, или 21 отсто помалку отколку пред две недели.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
Бајден одобри пакет воена помош за Тајван
Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…
Зеленски: Европа не може да ја спаси…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…
Бајден: Секако дека ќе присуствувам на инаугурацијата…
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе…