Американците гневни: Во Судан е пукано на американски дипломатски конвој!
Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека во Судан беше пукано врз американски дипломатски конвој, но инцидентот поминал без жртви.
Можам да потврдам дека вчера беше пукано врз американски дипломатски конвој. Сите наши луѓе се безбедни и неповредени. Но, оваа акција беше непромислена, беше неодговорна и се разбира небезбедна, изјави Блинкен по средбата на Г7 што се одржува во Јапонија.
Тој не прецизира кој пукал врз конвојот.
Повеќенеделните тензии во Судан поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт ескалираа на 15 април кога почнаа борбите во главниот град на Судан, Картум, за подоцна да се прошират речиси во цела земја. Според лекарски извори во судирите загинале околу сто луѓе, а повредени се неколку стотици.
Засега, ниту регуларната армија, ниту паравоените сили не успеаја да извојуваат победа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
79 години од бомбардирањето со атомска бомба…
Нагасаки денеска ја одбележа 79-годишнината од американското…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…
Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…