Помилување не може да се поништи, постапувањето на Врховниот суд е „смешно“

t

Ќе понесе ли одговорност за евентуалната штета која Македонија би ја претрпела пред судот во Стразбур, кој иако во штура одлука во случајот „Транспортер“ во кој осуден беше Владимир Талевски, објасни дека еднаш дадена амнестија не може да се отповика.

На оваа линија е и професорот по Кривично Право Гордан Калајџиев кој за Инфомакс објаснува дека можеби и прашањето за евентуална штета, можеби и не е најважно, но она што е посериозно е прашањето што Врховниот суд одбива да даде начелно толкување на помилувањата на Иванов.

– Не е битно прашањето за штета, битно е што судот одбива начелно да се изјасни за помилувањата на Иванов(иако Судот во Стразбур не се истакна многу и самиот го забошоти одговорот на пршањето, вели Калајџиев.

Тој објаснува дека Врховниот суд има „смешна“ одлука во случајот на пресудата за „Транспортер“.

– Одлуката на Врховниот суд за „Транспортер“ е смешна. Не може постоечки правен акт донесен од надлежен орган да кажете дека едноставно не важи затоа што немал правен основ?!, вели Калајџиев и додава – Тоа може да се направи само доколку во пропишана постапка се утврди незаконитост.

-Финтата е што никој не може да го поништи веќе даденото помилување! Суштината е во правната сигурност, додава Калајџиев.

Калајџиев вината ја гледа во „чудната одлука на Стразбур“.

-Повредата на правната сигурност е завршена работа и Стразбур намерно ескивира да донесе одлука зошто не сака да ја смени својата практика од Лекса (случај Лекса против Словачка пред Стразбур) а очигледно не сака да ја примени во нашиот случај, вели Калајџиев, и објаснува – затоа и не ја дава надлежноста на Големиот совет туку го решава вака наводно процедурално.

Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми во скандалозно интервју се пожали на притисоци врз неа.

Судскиот совет пак ја повика на седница на која треба да даде одговори за тврдењата.

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се празнат затворите во Албанија, стапи на…

Во Албанија од денеска почнува имплементацијата на…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Албанија ќе амнестира околу 570 осуденици

Албанската влада го донесе Предлог- законот за…