Аморим ги реши дилемите: За Рашфорд повеќе нема место во мојот Јунајтед!
Манчестер Јунајтед е елиминиран од Карабао купот откако синоќа загуби во драматична пресметка на гости кај Тотнем (3-4), но главен акцент на натпреварот беше одлуката на тренерот Рубен Аморим повторно да го изостави Маркус Рашфорд од тимот.
Англискиот напаѓач, кој има 27 години, неодамна изрази желба да го напушти клубот, а португалскиот менаџер по средбата изјави дека не жали за својата одлука да го остави надвор од составот.
„Сметам дека ја донесов вистинската одлука за тимот. Не мислам дека беше грешка. Секогаш се трудам да направам сè што е најдобро за тимот. За него повеќе нема место во мојот Јунајтед“, истакна Аморим.
Рашфорд, кој некогаш беше сметан за светла иднина на англискиот фудбал, оваа сезона забележа скромни седум гола на 24 натпревари во сите натпреварувања. Неговата променлива форма, слабата работна етика и недефинираната позиција на теренот го направија повеќе товар отколку предност за Јунајтед. Иако во младоста се сметаше за голем потенцијал, со 60 настапи и 17 гола за репрезентацијата на Англија, Рашфорд повеќе не е дел од националниот тим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…