АМСМ: На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се чека по околу половина час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира Автомосојузот на Македонија.
-Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, на ГП Богородица за влез во државата е околу 40 минути, а за излез околу 20 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ во пладневниот извештај за сообраќајот на државните патишта.
Автомосојузот препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.
-Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АМСМ: На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
СДСМ: Началникот без наредба за приведување ја…
Обвинителството вчера јасно потврди дека немало наредба…
Началникот од Демир Хисар бил суспендиран за…
Незаконитото однесување на началникот на ОВР Демир…
Иако најавија, ВМРО-ДПМНЕ, Влен и ЗНАМ до…
Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со…
И натаму се трага по исчезнатиот Бугарин…
И натаму се трага по исчезнатиот Бугарин…