АМСМ: Сообраќајот по влажни коловози, наместа има густа магла

t

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози и наместа со густа магла, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот на патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење.

Автомотосојузот инфпормира дека сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински Извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на ЈП „Македонијапат” работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Поради пожар во прекин сообраќајот на регионалниот…

Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…