(Анализа) Зеленски во Вашингтон на крилјата на неуспехот
Деновиве се очекува Зеленски да отпатува за Америка на Генералното собрание на Обединетите нации, но таа посета на Зеленски сепак е во сенка на планираната посета на Вашингтон, каде најверојатно ќе се обиде да исползува дополнителна помош од САД во облик на пари и оружје.
• Вашингтон лани и денес.
Но за разлика од претходната посета на Вашингтон, кога Зеленски беше пречекан како рок ѕвезда од цел политички естаблишмент и му беше дозволено да се обрати на конгресот кршејќи ги самите правила на конгресот и каде неговиот говор беше испратен со громогласен аплауз од конгресмените, оваа година на Зеленски нема да му биде дозволено да се обрати во конгресот и неговата посета на Вашингтон ќе биде ограничена само на посета на Белата Куќа и средби со индивидуални конгресмени и сенатори.
• На крилјата на успехот.
Посетата на Зеленски претходната година, каде исползува значителен арсенал оружје и пари за долгонајавуваната контраофанзива и успеа да добие стотици тенкови и илјадници други типови на оружје, беше понесена на крилјата на победата по успешните офанзиви на украинската војска во регионите на Харков и Херсон кога Украина успеа да врати значителна територија назад.
• На крилјата на неуспехот.
Зеленски ќе го посети Вашингтон оваа година на крилјата на неуспехот од долгоочекуваната контраофанзива во која Украина тврдеше и ветуваше дека ќе ја прекинат копнената врска на Русија со Крим, па дури и дека ќе се сончаат на плажите во Крим до крајот на летото. Летото полека заминува и покрај цела западна помош во оружје и техника украинската армија го освојуваше и напушташе малото село Роботино (150 куќи) десетина пати и се обидуваше тоа да го претстави како некаков голем успех пред западот. За прекинување на копнената врска со Крим или за освојување на некој поголем логистички центар како Токмак или Мелитопол не ни стана збор во текот на стодневната контраофанзива која е огромен неуспех како за Зеленски, така и за западот.
• Времето работи за Русија.
Времето како што одминува и како што се менува со доаѓањето на есента работи за Русија. Есенските дождови ќе ја спречат комплетно ионака неуспешната украинска офанзива која веќе почна да стагнира. Уште пострашно за Украина е што со надоаѓањето на зимата, снегот и мразот се отвора можноста за Руска офанзива за која сѐ повеќе шушка во руските кулоари. Руската војска на фронтот која брои некаде помеѓу 400-500 илјади војници според западните проценки и руската резерва која брои 300 илјади војници може многу лесно и молскавично да прејде во офанзивни дејствија доколку тоа условите го дозволат. Доколку Русија успее да освои значителни територии во таа офанзива и на најголемиот украински поддржувач на западот ќе му стане јасно дека Украина не може да победи во војната и дека сета западна помош е залудна.
• Бајден помеѓу чеканот и наковалната.
За неколку месеци како и обично ќе започне и кампањата за избор на претседател на САД, каде Бајден се соочува со растечко незадоволство кај електоратот поради импактот кој го има војната во Украина врз секојдневието на луѓето. Тоа го покажуваат и најновите анкети кои покажуваат блага предност за неговиот противкандидат Трамп. Да не заборавиме дека пред неколку месеци Бајден на некои анкети имаше и двоцифрена предност пред Трамп, што покажува дека Американците се изморени од војната и воената реторика и бараат подобрување на квалитетот на животот внатре во САД и решенија за домашните проблеми. Овие трендови наговестуваат дека доколку Бајден сака втор мандат неговата администрација мора да најде излезно решение од војната, инаку фрустрираноста на електоратот од војната само ќе се зголемува како што Украина ниже неуспеси на бојното поле и стагнира во контраофанзивата. Да не зборуваме пак колку Бајден би изгубил во очите на Американците и особено неговите поддржувачи кои сѐ уште се за војната, доколку Русија зимово како што се шпекулира започне сопствена офанзива и освои значителни територии во Украина.
Г.К.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…