(Анализа) НАТО ја губи војната во Украина
Анализа на новинарот и публицист Рон Унц за руско-украинскиот конфликт (скратена верзија)
Импактот од уништувањето на гасоводот Норд Стрим:
Според Унц подводните експлозии кои го уништија гасоводот помеѓу Русија и Германија вреден 30 милијарди долари бил индустриски тероризам и акт на војна против Германија. Тој пишува за економскиот импакт што овој чин го има врз Герминија и вели дека тоа може на крајот да доведе до распаѓање на НАТО. Лорeнс Вилкерсон, кој служеше како шеф на кабинетот на Колин Пауел, во едно негово подолго интервју тој предвиде дека САД ќе ја изгуби Германија како сојузник поради нападот на гасоводот Норд Стрим, што неминовно ќе заврши со распадот на НАТО. Доколку НАТО алијансата се распадне историчарите ќе го посочуваат уништувањето на гасоводот како една од главните причини за распадот. Западните медиуми имаат огромна моќ да продаваат илузии, но реалноста секогаш го има последниот збор.
Воената состојба во Украина:
Унц во анализата го цитира познатиот новинар Сејмор Херш дека ситуацијата на терен е далеку полоша од тоа што медиумите на запад објавуваат. „Се` е лага“, му кажал изворот на Херш, за тврдењата дека Украина има постигнато прогрес на фронтот. Американскиот разузнавач со кој Херш разговарал работел со децении во областа на контраразузнавањето и шпиунажата за време на студената војна и истиот имал почит кон Путиновиот интелект, но и презир поради одлуката да ја нападне Украина и иницирање на конфликтот, кој однесе многу млaди животи и донесе огромно уништување. Но како што рекол „војната е завршена Русија победи, нема повеќе украинска офанзива, но Белата Куќа и медиумите се приморани да ја одржуваат лагата во живот“.
Полска ја откачи Украина:
Унц на ова гледа како на дополнителен доказ дека воената ситуација дополнително е влошена на украинската страна. Јавните случувања како брзо да ги потврдуваат состојбите на теренот за лошите прогнози за Украина во војната. Полска секогаш била непријателски настроена кон Русија, така од почетокот на борбите, владата во Варшава беше најголемиот и најентузијастичен поддржувач на Украина и според некои кажувања Полска дури и тајно испраќала илјадници свои војници да им помогне на Украинците во борбите. Но полскиот претседател Анжеј Дуда сега објави дека неговата држава нема повеќе да дава воена помош на Украина, поради недипломатските изјави на Зеленски и владата во Киев, кога ја обвинија Полска дека работи за Русија.
Производство на оружје и муниција:
Унц ги цитира најновите објави на Њу Јорк Тајмс каде се тврди дека Русија произведува далеку повеќе артилериска муниција од цело НАТО заедно. Западните официјални лица веруваат дека дека Русија би можела да произведе два милиони артилериска муниција годишно – дупло повеќе од проценките на западот за капацитетот на производство на Русија. Кусти Салм, висок претставник од министерството за одбрана на Естонија, изјави дека Русија момантално произведува седум пати повеќе артилериски гранати од можностите за производство на западот. Унц додава дека кога видел дека Русија може да произведе дури седум пати повеќе гранати од западот се зачудил дали случајно има некаква грешка, но сепак бројките беа точни. Се потврди и на интерјуто на Фокс Њуз со Бил Лапланте главниот одговорен за оружје на Пентагон, кој изјави дека НАТО можат да произведат 28 000 парчиња артилериски гранати месечно, а Русија дури 170 000.
Хиперсонични ракети:
Русија не произведува само артилериски гранати, туку тие произведуваат и хиперсонични ракети од кои нема одбрана. Неколку дена претходно, украинска ракета погоди во главниот штаб на Руската флота во Севастопол, Крим и за таа операција сигурно било потребна инволвираност на НАТО преку разузнавачки податоци и набљудување, со што алијансата е и директно влкучена во војната. Русија може утре да објави дека ќе врати заради вмешаноста на НАТО во нападот на Крим со конвенционална хиперсонична ракета и да го погоди седиштето на НАТО во Брисел, па дури и можат да ја кажат и минутата на планираниот удар за да се минимизираат евентуални колатерални жртви и колку што сите знаеме ниту една од скапите противракетни системи на НАТО нема да може да го превенира ударот и деструкцијата на седиштето на НАТО.
Бркањето од работа на портпаролот Трансџендер Сара Ештон Цирило само покажува дека дури и пропагандата на Украина е на крива нога. Можеби конечно западот и Украина ќе се опаметат. Можеме само да се надеваме пред ситуацијата да стане далеку многу полоша отколку што во моментов е и да стане катастрофална, како за Украина, така и за западот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…
Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…
Русија прогласи вонредна состојба во Курск
Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…
Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…
Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…