Анализа на Гардијан: Зошто е Украина пресвртница во владеењето на Путин

t

Додека целиот свет со нетрпение очекува да види каква ќе биде судбината на Украина, сите очи се вперени во еден човек чиј потег би можел да биде клучен. Рускиот претседател Владимир Путин често е означуван како кој може да ја донесе одлуката „да се биде или не“, а нема сомнеж дека без него решавање на прашањето на Украина не е можно. Постои дури и врежано мислење дека прашањето на Украина е пресвртница во неговото владеење, пишува Гардијан.

Седејќи сам на своето биро во Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот гледаше преку пространиот паркет во својот совет за безбедност и праша дали некој сака да искаже алтернативно мислење. Го дочека молк. Неколку часа подоцна, рускиот претседател се појави на државната телевизија за да го одржи гневното и невообичаено предавање за Украина, земјата која според зборовите на Путин станала „колонија со марионетски режим“ и која нема историско право на постоење, пишува лондонскиот весник.

Путиновиот двоен закон, по кој веднаш следеше потпишувањето на договорот за руско признавање на двете сепаратистички територии во источна Украина како независни ентитети, веројатно ќе остане впишан во историјата како една од главните пресвртници во неговото 22-годишно владеење.

Ова не беше политичар кој го свикал својот тим за дискусија, туку ова беше врховен лидер кој управува со своите послушници и обезбедува колективна одговорност за одлуката која во најмала рака ќе ја смени безбедносната архитектура во Европа и која може да доведе до војна која ќе ја „голтне“ Украина.

Путин изгледаше искрено гневно и страстно во својот говор кој речиси сигурно самиот го напишал, проценува Гардијан.

Во симболичен знак на својата сè поголема изолација, Путин неодамна почна да се сретнува со политичари, вклучувајќи ги и своите министри, на невообичаено големи маси. Многумина на Западот ова го опишаа како „игра на моќ“ од страна на Путин. На седницата на советот за безбедност во понеделникот, Путин седеше сам на бирото, додека неговите соработници седеа на голема оддалеченост од него. Со тоа се доби впечаток дека Путин повторно ги демонстрира своите „надмоќ и големина“.

Тешко е да се каже дали Путин ја донел одлуката околу прашањето на Украина пред неколку месеци или го сковал планот во од, но секако беше јасно дека одлуката за признавање била донесена многу пред оној собир во Кремљ кој светот имаше прилика да го види.

Имаше многу малку размена на мислења, а идејата дека сè било спонтано е поткопана од фактот дека настанот бил снимен неколку часа претходно па прикажуван како настан во живо. За тоа сведочат кадрите од часовниците на учесниците на состанокот.

Појавувањето на Путин само неколку часа подоцна кога го одржа говорот, го направи тврдењето дека станува збор за процес на донесување одлуки во реално време уште помалку уверливо.

Многумина од тимот на Путин оставаат впечаток дека вистински веруваат во пропагандниот наратив кој Русија го изгради за да ја оправда својата континуирана агресија врз Украина.

Одлуката за признавање на сепаратистичките региони даде одговори на некои прашања, но други останаа. Постои шанса Путин едноставно да ги признае двете самопрогласени републики „онакви какви што се“. Ова по месеците апокалиптични сценарија веројатно би било прифатено како добар исход од страна на Украина и Западот.

Но изгледа дека Путин има на ум многу повеќе од тоа едноставно да го земе истокот на Украина и да преземе одговорност за териториите кои фактички веќе ги контролираше.

Последните зборови на Путин, дека Киев, ако не го сопре насилството, ќе ја сноси одговорноста за „крвопролевањето кое ќе следува“, беа крајно мрачни. Звучеа едноставно како објава на војна, заклучува Гардијан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…

Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…