Објавено на:

Аналитичатот Атанасоски: Постојаното одбележување етничка територија со “крстови и лапидариуми” води кон дезинтеграција на мултиетничкото општество

t

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, говорејќи на темата „лапидариуми и крстови“, оцени дека поставувањето споменици со етнички обележја води кон дезинтеграција на државата.

„Постојаното одбележување на етничка територија води кон дезинтеграција на едно мултиетнички општество, какво што е Македонија и без разлика што велиме дека сме подвоено општество, согласно уставно-правните норми Македонија е унитарна држава и не треба да се оди по ивицата на ножот за тој тешко сочуван кревок меѓуетнички мир 20 години по воениот конфликт и да се прават работи со кои постојано ќе се разгоруваат етничките чувства и емоции на граѓаните“, рече Атанасоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ