Анастасов: Бесплатна екскурзија низ Европа за матуранти, бесплатен летен одмор за основци, парични средства за новороденчиња и алтернативно водостабдување – Клучни проекти за мандатот кој следува!
Во четиригодишниот мандат кој следува најавив дека ќе се засадат дрвја колку што има жители, јас сум против отворање на нов рудник на Плавица, ќе ги чуваме и поддржуваме компаниите кои ги имаме, но нема да дозволам да влезе нов загадувач, истакна денеска во гостување на МРТ кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Драган Анастасов – Ладич.
На темата за јаловишната депонија Анастасов повтори дека општинската администрација предводена од него е единствената која се обидела да го реши проблемот, но за жал истиот обид беше саботиран од ВМРО-ДПМНЕ.
– Со енергетската криза произлезе идејата да Пробиштип ја искористи можноста да го отуѓи ова земјиште со товар на инвеститорот, направивме целосно нов проект за санација, меѓутоа на самата површина во генералниот план немаше намета. Се обидовме преку советот, но тогаш не наидов на поддршка од советниците. Јас сум убеден дека, бидејќи станува збор за земјиште загадувач, на ваква почна идеална инвестиција беше проектот за обновливи извори на енергија, затоа што општината од ѓубриште ќе имаше бенефит. Тогаш имаше инвеститори кои би платиле, а ве уверувам дека и на граѓаните им е јасно дека таа површина е проблем за реализација на било каков друг проект, објасни Анастасов.
Градоначалникот истакна дека образованието и најмладите и до сега беа врвен приоритет, а особено внимание на оваа категорија се посветува и во програмата за следниот мандат.
– Општина Пробиштип е една од ретките каде градинка за семејства од социјален ризик е бесплатна, секој ученик има униформи, оброк за секое дете до петто одееление, секое лице со попреченост добива средства, воведуваме за првпат секој кој сака да отвори сопствен бизнис да добие грант од општината до 200.000 денари, имаме додатоци за новороденче, за прво дете 10.000 денари, за второ дете 20.000 денари, за трето дете 3 месеци по 30.000 денари и за четврто дете 12 месеци по 30.000.
Воведуваме заеднички одмор за учениците во основно образование, за учениците во средно образование има е предвидено по 3000 денари за оброк, за да привлечеме повеќе ученици да се запишуваат во нашата гимназија предвидуваме заедничка екскурзија низ Европа за матурантите, ели Анастасов.
Како клучен проект градоначалникот го истакна алтернативното водоснабдување.
– Пробиштип нема проблем со водоснабдување. Климатските промени прават проблеми, затоа обезбедуваме техничка, индустриска вода до индустриските капацитети, за да не ја трошат хлорираната вода. Сите рурални средини, во зависност од системите, да има бушотини, каптажни системи, за да има вода и да нема проблем во било кое време во годината, но и да си ја зачуваме самата филтер станица, да не биде оптеретена 24/7, вели Анастасов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Анастасов го демантира ДПМНЕ: Немате понуда за…
Почитувани, По објава на ВМРО ДПМНЕ ОК…
По речиси 20 години учениците од Пробиштип…
По речиси 20 години учениците од општина…
Сопругата на починатиот полицаец од Пробиштип го…
Денеска на протестот кој се одржа во…
Работник повреден во рудник во Пробиштип!
Денеска (06.06.2025) во 02.50 часот во ОВР…
16-годишно девојче од Пробиштип со нож го…
МВР информира дека вчера во ОВР Пробиштип…