Анастасов: Осум години не дозволив долгови и блокади на Буџетот на Општината, од Тоневски наследив долг од два милиони евра!

t

Со мојот концепт на работење изминатите осум години, без делби и поделби, со подадена рака за сите граѓани, разликите се видливи. Драстична ќе биде и разликата за периодот кој ни претстои со оглед на веќе склучените договори, истакна во гостување на ТВ Телма кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Драган Анастасов – Ладич.

– Горд сум на сѐ што направивме изминативе осум години, ние имаме уникатна програма, гледам дека и други ја копираат, меѓутоа сме пример во државата, истакна градоначалникот. 

Како приоритетен проект го нагласи алтернативното водоснабдување.

– Најважно во Пробиштип е да се насочиме да овозможиме услови на компаниите кои работат, да ги задржат луѓето што работат. Прв проект е решавање на проблемот со водоснабдување во руралните средини, да озбезбедиме техничка вода за индустриските капацитети, да не ни ја трошат хлорираната вода. Во мојот мандат е донесена и нова инвестиција, меѓутоа никако во делот на тешката и загадувачка индустрија, затоа што Пробиштип има доволно загадувачи, вели Анастасов.

– Јас кога влегов во општината имаше два милиони евра долг, од мандатот на Тоневски и плус 50 милиони денари по однос на кредити, веднаш влеговме во работа за обезбедување на средства за донации за проекти. Јас за осум години не дозволив долгови и блокади во Општината, нагласи Анастасов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анастасов: Осум години не дозволив долгови и…

Со мојот концепт на работење изминатите осум…

(Видео) Песната за Максим е плагијат: Вечерва…

Инфомакс сними куса изјава од авторот на…

(Видео) Излези Соте право на дебата! Јакимовски…

Соте, трета среќа! Телма пак прави обид…

Нова милијарда задолжување! Со еврообврзница од 950…

Најголемиот предизвик за финансирањето на јавниот долг…

Сиљановска Давкова во Франција, ќе оди на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во…