Анастасов: Јас сум градоначалник на сите, моето мото е „Пробиштип за сите“ – Тоневски да си ги реши дивоградбите!
Моето мото е „Пробиштип за сите“, нема поделби на луѓето, истакна кандидатот за
градоначалник на Општина Пробиштип од СДСМ, Драган Анастасов – Ладич во гостување во
емисијата „Стадион“ на Канал 77.
– „Се кандидирам за трет мандат поради граѓаните, затоа што сум градоначалник на сите, нема
поделба на наши и ваши, затоа и моето мото е „Пробиштип за сите“. Никогаш немало поделба,
за мене секогаш било мотив решавање на проблемите, проблемите на сите граѓани не само на
поединци“, истакна Анастасов.
Анастасов истакна дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, се спаси од кривичен
прогон поради прекинот на работата на Специјалното јавно обвинителство, токму поради
купување на угостителски објект. Тоневски и денес има проблем со еден објект, во градското
кино, кое е дивоградба, објасни Анастасов.
– „По случувањето во Кочани, преку ЗЕЛС се правеше ревизија на сите објекти во сите општини,
за делот на купувањето на „Кул“, како Вие го стекнувате, требаше да одговарате на
обвинителна клупа. СЈО побара документи, истите беа испратени, па тоа Обвинителство
заврши како што заврши.
После Кочани се побара детална анализа и се откри дека во ваш угостителски објект имате
легализации на тенди и настрешници, а не на објекти кои ги поседувате“, истакна Анастасов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По речиси 20 години учениците од Пробиштип…
По речиси 20 години учениците од општина…
Сопругата на починатиот полицаец од Пробиштип го…
Денеска на протестот кој се одржа во…
Работник повреден во рудник во Пробиштип!
Денеска (06.06.2025) во 02.50 часот во ОВР…
16-годишно девојче од Пробиштип со нож го…
МВР информира дека вчера во ОВР Пробиштип…
Пронајдена стара бомба во близина на фабрика…
РЦУК Штип известува, дека во период од…