Објавено на:

Ангелова доби автомобил од 20.000 евра, а само од нејзините гласови преку СМС ГРАНД продукција заработила вртоглава сума на пари!

t

Младата натпреварувачка од Македонија – Славица Ангелова, триумфираше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ и победи со над 88 илјади СМС гласови во самото суперфинале. Покрај титулата, студенткаta по медицина освои и песна и спот од продукцијата „Гранд“, како и автомобил вреден 20.000 евра.

Во дел од медиумите се појавија критики за вредноста на наградите во најгледаното регионално музичко шоу, а босанските медиуми отидоа и чекор понатаму, па разочарани од тоа што нивниот претставник Драган Ѓуриќ беше поразен во финалето, ја доведоа во прашање компетентноста на музичкото шоу, правејќи споредба дека наградите наместо да растат во споредба со претходните години, тие се намалуваат.

– Претходно победниците освојуваа албум и стан во Белград. Сега добиваат песна и автомобил од 20.000 евра. Тоа говори колку е паднато натпреварувањето, коментираат тамошните медиуми.

Славица во финалната вечер освои 88.367 гласови, додека вицешампионот Драган Ѓуриќ 71.747. Цената на една СМС порака беше 19 денари, односно околу 0.3 евра. Ова значи дека само врз основа на гласовите испратени по СМС, продукцијата само од гласовите за Ангелова заработила околу 27.000 евра, додека од гласовите за вториот финалист Ѓуриќ околу 21.000 евра.

Да потсетиме, во финалната вечера имаше вкупно 17 финалисти за кои гледачите може да гласаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ