Ангеловски: Кој и да дојде во Битола да нè победи, мора да игра врвен ракомет
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го предизвикаат Колштад во рамките на првото коло во Лигата на шампионите. По долга пауза битолчани се враќаат во елитното натпреварување.
Во пресрет на натпреварот, во разговор за официјалнaта веб страница на норвешкиот клуб, анализа направи спортскиот директор на пелистерци, Бранислав Ангеловски.
„Имаме млад тим, просечно со 23 години по играч и многу новајлии. Сепак, можам да ветам дека кој и да дојде да нè победи во Битола, мора да игра на врвно ниво. Кога играме дома, секогаш постои огромен ентузијазам околу натпреварите. Нашата сала собира 3.500 гледачи, веќе продадовме 1.500 сезонски билети, а останатите се во единечна продажба. Така што, кој и да доаѓа да игра во Битола како гостин, дознава што значи поддршката од јавноста. Нема да бидеме комплетни, имаме некои повреди и не сме на 100%. Сепак, нема да кажам кој не е подготвен.
Групата е многу тешка, до степен што дури три тима (ПСЖ, Кил и Алборг) можат да стигнат до Келн“, изјави Ангеловски.
Пресметката меѓу Еурофарм Пелистер и Колштад е закажана во терминот од 18:45 часот во „Боро Чурлевски“.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Нов пожар во Битола во близина…
Пожар избувна во близина на железничката пруга…
Пожарот кај Небрегово се шири кон две…
Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од…
Бабам Битола: Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ…
Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ во РЕК…
Целосно е изгаснат пожарот на Пелистер
Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно…
Потребна е помош за третман со матични…
Почитувани читатели на Инфомакс, потребна е помош…