Ангелов: Гори од двете страни на Галичица, се дејствува со еден „Ер трактор“ кај Преспа и екипа од над 35 лица од охридска страна

t

– Гори од двете страни на Галичица и од охридската и преспанската страна. Пожарот предизвикува силна вознемиреност помеѓу граѓаните. Пожарот од страната на Преспа се движи во насока на селата Лекосец, ресенско, и Стење. Овде дејствуваме со еден „Ер трактор“ кој се’ уште е активен на Дирекцијата за заштита и спасување, но има и 20-тина лица од НП „Галичица“, како и доброволци. Од другата страна, од охридската, дејствуваат 20-тина вработени во НП „Галичица“, како и 15 доброволци, односно лица од Планинскатата спасителна служба Охрид кои со своите вештини се исклучително корисни бидејќи се работи за добро обучени планинари и аплинисти кои можат да се движат низ овој предел зафатен со оган, вели Ангелов.

Карактеристично е, додава, тоа што на преспанската страна на некои места се јавува многу густ црн чад кој најверојатно е предизвикан од поголемиот број смреки и овој чад предизвикува сила вознемиреност кај граѓаните.

Втората карактеристика на овој пожар, особено од охридска страна е што се слушнаа неколку детонации на неексплодирани минско-експлозивни средства, остатоци од војните кои се воделе на овој регион и фронтовата линија.

-Тоа дополнително го отежнува гасењето на овој пожар бидејќи мораме да почекаме истиот да се приближи кон шумата каде што е релативно побезбедно, затоа што на голиот појас, каде има претежно трева и грмушки и друга ниска вегетација, гасењето е ризично и опасно бидејќи постои можност од експлозии, потенцира Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…

На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани

Вчера во 5:30 часот на граничен премин…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…

Според АФП и државните медиуми на Иран,…