Ангелов: Истражуваме дали некој од внатре или надвор ја пали депонијата Дрисла
Припадници на криминалистичката полиција во моментов вршат службени разговори со вработени во ЈП „Дрисла“, со цел да ги утврдат причините за пожарот на депонијата. Ова денеска го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на прес-конференција токму во близина на депонијата „Дрисла“, откако три дена по пожарот на „Дрисла“, таму сè уште чади, поради што скопјани се гушат од загаден воздух.
Според него, чадењето од депонијата е активно и денеска, но е значително намалено за разлика од претходните денови. Делот каде што се одвива чадењето е делумно затрупан, се работи со механизација, но, како што додаде, просторот е тесен и не дозволува проод на повеќе машини.
Според информациите со кои располага, Ангелов вели дека имало најмалку уште три обиди за палење на депонијата, кои, како што додаде, за среќа биле брзо изгаснати.
„Од тие причини денеска побарав припадници на криминалистичката полиција да влезат во депонијата и да поразговараат со вработените и да дојдат до релевантни информации околу можни причинители на пожарот на депонијата. Припадниците на криминалистичката полиција моментално се внатре во депонијата, не зборуваме за конкретно осомничен, туку ќе позборуваат со вработените дали постои можност некој од внатре да учествува во подметнувањето на пожарите или можеби некој од надвор доаѓа, веројатно малку физички спремен со канта бензин или шише бензин, зашто се работи за запаливи гасови, да го подметне пожарот“,кажа Ангелов.
Најави дека во следниот период ќе бидат употребени повеќе методи за набљудување на депонијата, како и зголемено полициско присуство, со цел откривање евентуални потпалувачи бидејќи, според него, необјасниво е како се зголемува чадењето откако претходно се интервенирало и огнот драстично е намален.
Посочи дека во околината на депонијата ќе има засилено полициско присуство, повеќе патроли, а ќе употребат и други методи на набљудување на самата депонија за откривање на евентуални потпалувачи.
Во текот на вчерашниот ден дејствувала механизација, по што некаде околу 18 часот чадењето е драстично намалено. Но, околу 21 часот часот силно се зголемило оти веројатно имало засилено горење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Истражуваме дали некој од внатре или…
Припадници на криминалистичката полиција во моментов вршат…
Шукова: Да се формира стручен штаб за…
Гаснењето на депонијата Дрисла со вода и…
Пожарот во Дрисла е „под контрола“, а…
На ден 12.09.2025 година, до 12:30 часот,…
(Видео) Најмасовен досега протест поради загадувањето од…
Петти ден по ред, жителите на скопската…
Сѐ уште гори Дрисла
На ден 11.09.2025 година, до 18:00 часот,…