Ангелов на терен по повик на завеани жители во село Галичник

t

По повик на завеани жители на село Галичник, Ангелов на терен.

Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по пријава во ЦУК од постојани жители и претседателот на месната заедница на Галичник, изврши увид на состојбата на со снег завениот пат на потегот од Маврово кон Галичник.

Од страна на директорот Ангелов и Оперативниот центар во ЦУК, се контактирани надлежните субјекти најбрзо што можат да се ангажираат и да го расчистат патот кон Галичник од сегашните снежни навеви, во случајот Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Во ова прилика, уште еднаш ги повикуваме граѓаните во села и населби, каде што во зимниот период патиштата се во поголем дел непроодни и завеани, ако имаат сериозна здравствена или животно загрозувачка ситуција да го контактираат ЦУК на 195.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…