Ангелов повикува на мирен протест: Отварањето на клубот е провокација, ги поддржувам сите мирни протести
Стојанче Ангелов на Фејсбук повикува денешниот протест во Охрид да биде мирен и уште еднаш нагласи дека отварање на бугарски клуб со такво име претставува провокација.
– ИСКАЖЕТЕ ГО СВОЈОТ РЕВОЛТ НО ПРОТЕСТИРАЈТЕ МИРНО
Правото на протест е неприкосновено уставно и демократско право. Токму од оваа причина принципиелно ги поддржувам сите мирни протести без разлика на нивниот повод или причина. Затоа ги поддржувам и денешните протести против името на вториот бугарски “културен“ клуб во Охрид “Цар Борис Трети“.
Повторувам, овој клуб се отвора со вакво провокативно име за да биде оштетен, запален или уништен, со што би се продлабочила веќе загрижувачката нетрпеливост и омраза помеѓу Македонците и Бугарите. Кому тоа му одговара е сосем друго прашање.
Затоа, да покажеме мудрост и да не наседнеме и на оваа директна провокација чија цел е да се изнуди реакција од наша, македонска страна.
Доколку одлучите да излезете на протест, протестирајте мирно. Секој напад врз овој клуб оди на штета на интересите на Македонците и Македонија, напиша Ангелов на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Најголем број од пожарите се предизвикани…
Вкупно 2.082 пожари евидентира Центарот за управување…
Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна…
Во националниот парк Маврово, но и на…
Стоилов објави крај на репрезентативната кариера: Ми…
Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов вчера по…