Ангелов: Празноглавиот, корумпиран и пасивен систем ги доуништува жртвите на семејно насилство, децата жртви на педофили, граѓаните – нѐ убива полека, перверзно, гротескно
*Фејсбук обајава на писателот Кирил Ангелов
Пред околу десет години осудуваат педофил во Велес. Го затвораат. После некое време го пуштаат од затвор само за викенд. Во тие два дена, повторно злоставува дете. Го пријавуваат во полиција. Полицијата им одговара: „епа што да правиме сега? Веќе е осуден и во затвор. Пак ќе го вратиме и готово“.
Празноглавиот, корумпиран и пасивен систем ги доуништува жртвите на семејно насилство, децата жртви на педофили, граѓаните. Нѐ убива полека, перверзно, гротескно.
Ни испозапалија деца, нѐ испозапалија нас. Нѐ трујат, нѐ убиваат, нѐ бркаат. Има премногу проблеми. Исечеш ли една глава, како хидра растат две од истото место.
Само систем кој се мрази себеси, може со омраза да се однесува кон своите граѓани. И со таква незаинтересираност да остави сите да страдаат.
И да сакаш да подигнеш свест за овие проблеми, нема кој да те слушне. Сѐ ќе се заборави за три дена, сите ќе продолжат понатаму. Никој нема да се сети ни за Кочани, ни за Фросина, ни за Росица, ни за жртвите на педофилија, ни за пациентите на онкологија, ни за сиромаштијата, ни за гладот, ни за страдањето, за ништо.
Господ нека помага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рускиот патријарх Кирил: Вештачката интелигенција е поопасна…
Државата треба строго да го контролира развојот…
Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил
Министерството за внатрешни работи на Украина објави…
Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…
Не може да има „пасивен став“ кога…
Ангелов: Најголем број од пожарите се предизвикани…
Вкупно 2.082 пожари евидентира Центарот за управување…