Англија: Мајка го оставила петмесечниот син во Леголенд, бебето доживеало срцев удар

Една жена во Англија е уапсена под сомнение за запоставување откако нејзиниот син доживеал срцев удар во Леголенд во Виндзор во четвртокот, соопшти полицијата, според Скај Њуз.
Петмесечно дете е пренесено во болница во критична состојба по инцидентот во четвртокот, соопшти полицијата на долината Темза.
Следниот ден, полицијата уапсила 27-годишна жена од Витам, Есекс, под сомнение дека го оставила своето дете додека чекале на ред за брод во Леголенд, поради што детето доживеало срцев удар.
Таа била пуштена со кауција до 26 јули, а детето се уште е во болница, додаваат од полицијата.
Детективката Зои Еле, од полициската единица за истражување на злоупотреба на деца, рече дека го истражуваат вознемирувачкиот инцидент.
„Прво, нашите мисли се со семејството на момчето кое е во критична состојба во болница откако доживеа срцев удар. Ние ги поддржуваме колку што можеме во овој исклучително тежок момент. Тесно соработуваме со тимот во Леголанд Виндзор ресорт и ќе ги повикам сите што имаат информации за инцидентот да ни се јават“, додаде таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Jа клоцал, ја влечел за коса па…
Полицијата во Земун го уапси С. Н.…
Тинејџер од Гостивар ја претепал својата мајка
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Продолжен притворот за ќерката која со чекан…
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд…
„Гардијан“: Општините во Англија можат да воведат…
Општините во Англија сега имаат право да…
Поплави и обилни врнежи предизвикаа хаос во…
Обилни врнежи и поплави погодија делови од…