Објавено на:

Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни

t

„Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд работев девет години и успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“, напиша Андријана Јаневска.

Пејачката Андријана Јаневска, која е професор по солфеж и соло пеење на катедрата за популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност, но и виолинистка во НОБ, вчера (13.05) ја зеде својата диплома.

Таа на социјалните мрежи објави фотографии од прогласувањето за доктор на науки. Со неа беше и сопругот, гитаристот Драган Гиновски – Гино, кој не само сега, туку и години наназад ѝ е најголема поддршка.

„Денес во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. Благодарност до проф. д-р Родна Величковска која како мој ментор несебично ми помагаше во текот на пишувањето на трудот. Честитки и до останатите колеги“, напиша Андријана.

Јаневска пред неколку дена, пишувајќи на тема Евровизија на својот Фејсбук, откри дека девет години го подготвувала својот докторски труд.

„Денес имам 42 години и се чувствувам исполнето, среќно и остварено на приватен и професионален план.

Што се однесува до мојата желба да направам нешто за Македонија, тоа го направив преку докторскиот труд на кој работев девет години, а со кој успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои“, напиша Андријана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ