Анкета на ИПИС: Мицкоски со најголема доверба меѓу политичарите
Според најновото истражување на Институтот за политички истражувања (ИПИС) „Перцепција на граѓаните за рејтинг на партии и политичари“, доколку следната недела се одржат парламентарни избори, најмногу граѓани би гласале за владејачката ВМРО-ДПМНЕ – 26 проценти. Опозициската СДСМ би добила 8,9 проценти, а следат Коалиција ДУИ со 8,9 проценти, Коалиција ВЛЕН со 8,2 проценти, Левица со 5,9 проценти, ЗНАМ со 3,9 проценти, додека за друга партија би гласале 1,7 проценти. За ниедна партија нема да гласаат 13,1 процент, 11 проценти не сакале да одговорат, а 11,7 проценти не знаат или немаат став.
На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“, 27,3 проценти од испитаниците го навеле претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мнозинството од испитаниците, 25,5 проценти, одговориле – ниеден, а 9,5 проценти не знаат или немаат одговор. Потоа следуваат лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 9 проценти, претседателот на СДСМ, Венко Филипче со 5,1 процент, Димитар Апасиев од Левица со 5 проценти, Максим Димитриевски со 3,8 проценти, Изет Меџити со 3,5 проценти, Билал Касами со 2,8 проценти, Африм Гаши со 2,3 проценти, претседателката Гордана Сиљановска Давкова со 2,1 процент, поранешниот претседател Стево Пендаровски со 1,3 проценти и поранешниот премиер Никола Груевски со 1,1 процент.Истражувањето е спроведено преку телефонска анкета меѓу 1.114 полнолетни испитаници на ниво на целата држава од 15 до 18 декември 2025 година. Примерокот бил случаен и стратификуван за да се обезбеди репрезентативност според пол, старосна група, образование, етничка припадност и место на живеење, со посебно земено Скопје како целина.
ИПИС нагласува дека истражувањето е финансирано од сопствени средства и е спроведено со цел анализа на рејтинзите на партиите и довербата во политичките лидери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Анкета на ИПИС: Мицкоски со најголема доверба…
Според најновото истражување на Институтот за политички…
Калајџиев: Низа пропусти во случајот „Пулс“ –…
Целата приказна со Кочани е доста интересна…
Битиќи: На крај на годината во буџетската…
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот…
Младеновска: Власта молчи за скандалот со непотребни…
Поминуваат денови од откривањето на еден од…
Кренар Лога се повлекува од политиката
Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, во…