Анкета на Советот на странски инвеститори: Најдобро оценета Царинската управа

t

Советот на странски инвеститори денеска во Стопанска комора ги презентираше наодите од најновата анкета. Царинската управа е орган од чија работа најмногу се задоволни инвеститорите. Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ги претставува интересите на 127 компании со странски капитал кои работат во различни сектори и индустрии: автомобилска индустрија, металургија, производство на храна и пијалаци, производи од тутун, земјоделски производи, енергетика, телекомуникациски и ИТ услуги, фармацевтски производи, банкарство, осигурување, консалтинг и ревизија итн.

Членови на Советот се инвеститори од 20 земји од светот: САД, Канада, Русија, Германија, Велика Британија, Австрија, Словенија, Грција, Белгија, Холандија, Швајцарија, Турција, Кина, Тајван и други. Во спроведената анкета Бизнис и инвестициски индикатор 2023 учествуваа компании претставници од сите индустрии, компании кои се присутни на глобалниот, на регионалниот и на домашниот пазар и имаат големо влијание врз македонската економија.

Оваа анкета ќе прерасне во традиционална годишна анкета на странските инвеститори со проширување на обемот на дејности и на инвеститори. Во анкетата учествувале над 38.000 вработени во компаниите. Овие компании оствариле приходи од работењето од над 7,7 милијарди евра и инвестирале над 400 милиони евра во 2022 година. Инвеститорите реализирале различни видови инвестиции како: гринфилд и браунфилд инвестиции, инвестиции преку спојување и преземање на постојни компании (M&A), како и преку добивање на концесии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ