Објавено на:

Анкета: Унгарците се против европските снакции за Русија

t

Мнозинството Унгарци се против санкциите против Русија кои ги воведува Европската унија, покажува новото истражување.


Според резултатите од истражувањето на Институтот „Свети Стефан“, 54 отсто од испитаниците во Унгарија целосно не се согласуваат, а 17 отсто донекаде не се согласуваат со одговорот на Европската унија на конфликтот во Украина, со санкциите што ги воведе и испораките на оружје. за унгарските медиуми.
Девет отсто од анкетираните се согласуваат со политиката на ЕУ кон конфликтот во Украина, а 13 отсто одговориле дека донекаде се согласуваат со одговорите на Унијата.


Анкетата покажа дека Унгарците на возраст од 40 до 59 години најмногу се противат на политиката на ЕУ во однос на ситуацијата во Украина.
Во Будимпешта најмал е бројот на оние кои се против политиката на санкции, па така во главниот град на Унгарија 35 отсто од испитаниците негативно го оцениле воведувањето рестриктивни мерки. Во другите градови тој број на испитаници е околу 55 отсто, а во руралните средини 62 отсто.
Во исто време, истражувањето покажа дека 51 отсто од жителите на Будимпешта веруваат дека Европската унија е способна да ги заштити своите граѓани, додека таа бројка во остатокот од земјата е 43 отсто.


Довербата во ЕУ е најголема кај возрасната група од 18 до 29 години, од кои 56 отсто и веруваат на ЕУ, а најниска меѓу возрасната група од 50 до 59 години, меѓу кои само 37 отсто од испитаниците велат дека имаат доверба во ЕУ.
54 отсто од Унгарците се незадоволни од раководството на Европската унија, додека 36 отсто од нив се задоволни, покажа ова истражување.
Во истражувањето се наведува дека околу 40 отсто од унгарските граѓани веруваат дека христијанството е од витално значење за иднината на Европа, додека уште 40 отсто од нив веруваат дека тоа е донекаде или многу важно.
Вкупно 10 отсто од Унгарците изјавиле дека христијанството воопшто не е важно за иднината на Европа.
Истражувањето е спроведено од 2 до 4 мај на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, соопшти Институтот „Свети Иштван“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

Сијарто му ја плесна вистината во очи…

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска…