Антиковид мерки во Австрија – новогодишна ноќ без прослава

t

Во Австрија, за новогодишната ноќ, ќе има исклучоци во примената на епидемиолошките мерки, како што беше случајот и со католичкиот Божиќ, за граѓаните во најтесниот круг да го прослават заминувањето на старото и доаѓањето на новото во 2022 година.

Рестораните можат да работат само до 22 часот, што го оневозможува пречекот со музика, пијалок и храна.

Поради епидемиолошката состојба, пред се поради страв од ширење омикрон вирус, откажан е јавниот дочек во Виена „Новогодишна рута“, каде пред пандемијата се собраа повеќе од 600.000 луѓе.

Според важечката уредба, карантинот за невакцинираните ќе биде ставен вон сила на 31 декември и 1 јануари.

На тој начин невакцинираните ќе можат да ја дочекаат Новата година со другите.

Регулативата, сепак, предвидува ограничувања за бројот на луѓе на кои им е дозволено да присуствуваат на приватни прослави.

Дозволено е собирање до 10 лица, а тоа важи и за семејните собири.

Доколку се соберат повеќе луѓе, тогаш прославата мора да заврши до 22 часот, но, теоретски, од пет часот наутро повторно е можна поголема дружба.

За собир на повеќе од 10 лица, до 25 лица, важи правилото „2G“ кое предвидува дека е неопходна потврда за вакцинација или излекување од Ковид19.

Собири на јавни места се можни без ограничувања, но се забранети собири „со карактер на манифестација“, што значи дека се забранети забавите на отворено.

Неизвесно е како полицијата ќе ги контролира сите овие посебни мерки за Нова година.

На јавно место, контролите се можни без проблеми, но не и на приватен имот, бидејќи законите за заштита на приватен стан или куќа не се укинати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Во земјите од регионот денеска се активирани…

Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…

Во последната деценија и половина, пазарот на…