Антикорупциска: Демири незаконски ги разрешил директорите на Токсикологија и Кардиохирургија

t

Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија и на директорот на државната Кардиохирургија од страна на министерот за здравство Илир Демири, констатирајќи дека со двете одлуки на министерот се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита. Повреден е и Изборниот законик со оглед на тоа што во двата случаја директорите биле разрешени со решенија донесени (од 14 мај односно  27 мај) пред усвојувањето на заклучокот за завршување на изборите за пратеници во Собранието од 30 мај 2024.

ДКСК на денешната шеста седница соопшти и дека до надлежните органи ќе покрене иницијатива за одговорност на министерот за здравство.

За двете разрешувања – и за медицинскиот директор на  Токсикологија, д-р Данил Петровски, и за директорот на државната Кардиохирургија, Марјан Шокаровски, не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата односно требало да има предлози за разрешување од управните одбори до здравствените совети на овие установи.

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска оствари средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија.

На средбата, беше дискутирано за состојбата и функционирањето на Клиниката. Заменик министерката Манолева побара од стручниот и лекарскиот колегиум да дадат предлог за именување на медицински директор кој треба да ги исполнува условите согласно законот.

Претставниците од Клиниката за токсикологија ја информираа заменичката дека во најбрзо време ќе се состанат и ќе достават предлог до Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демири: Директорите на кардиохирургија и токсикологија се…

Министерот за здравство д-р Илир Демири во…

Антикорупциска: Демири незаконски ги разрешил директорите на…

Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се…

Ако излезе ѓубрето наталожено по другите Клиники,…

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија…

Стручниот колегиум на Кардиохирургија остро реагира на…

Стручниот колегиум од Државната кардиохирургија денеска во…

(Фото) Економската директорка на Токсикологија, Бесија Иљази…

Скандалозно известување осамна на Клиниката за Токсикологија…