Антикорупциска смета дека Татјана Димитровска сама требала да си каже дали ќе поднесе оставка

t

Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска, обвинета дека оддавала службени тајни на обвинет во „Адитив“ и тоа со безбедносен сертификат добиен откако тестот ѝ го положил ревизор а не таа самата, самата треба да каже дали ќе си даде оставка, одговориле од ДКСК за „360 степени“. Оттаму сметаат дека овој состав на Државната комисија за спречување корупција има легитимитет да работи и се дистанцираат од својата претседателка, но без да кажат дали таа треба да си поднесе оставка или не.

Ве известуваме дека Државната комисија продолжува да работи редовно и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а нејзиното функционирање е од исклучителна важност за општеството. Одговорноста е индивидуална, поради што Комисијата поседува кредибилитет и продолжува со своето работење, велат од ДКСК за „360 степени“.

Прашањето дали ќе си поднесе оставка било упатено и лично кон Димитровска, но таа молчи.

Извор: slobodenpecat.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска смета дека Татјана Димитровска сама требала…

Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска, обвинета…

(Видео) Петнаесетии Марш за ангелите во Кочани:…

дискотеката „Пулс“, каде загинаа 62 лица. Маршот…

Стефанчук: Изборите во Украина ќе се одржат…

Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, денес…

Тешка несреќа во Куманово: Мотоциклист заврши во…

Куманово беше потресено од тешка сообраќајна несреќа…

Кога јавно ќе ја објават кост-бенефит анализата…

Министерката за финансиии се обидува да не…