Антитерористичка операција во Албанија: Полицијата опколила куќа, се слушале извици „Алах акбар“!

t

Во селото Орош, во општина Мирдита на северот од Албанија, во тек е голема антитерористичка операција на албанската полиција и специјалните сили, јавуваат локалните медиуми.

Според top-channel, куќа во тоа село е опколена од утрото. Полицијата од градот Пука и специјалната единица за неутрализација на вооружени елементи – единица на албанската полиција задолжена за најопасните и најсложени акции се на терен. Според извештаите, сомнежите се дека во таа куќа се кријат двајца со „висок ризик“.

Едниот од нив е идентификуван како Јулијан Чумраку (24), за кого постои сомневање дека е поврзан со терористички групи. Другиот, албански државјанин од Тирана, е идентификуван како Арбен Ука. Според „Болд њуз“, Ука претходно бил цел на антитерористичките единици.

„Ву њуз“ дознава дека двајцата мажи се криеле во оваа куќа во Орош еден месец, додека Ука наводно претходно бил бркан од антитерористичката полиција.

„Лајме Драч“ наведува дека еден од двајцата извикувал: „Алах акбар“.

„Топ ченел“ наведува дека осомничените прво биле забележани од полицијата во Пука, а потоа во областа пристигнале специјалните полициски силите. Полицијата веќе неколку часа ги повикува да се предадат, но тие одбиваат.

Се претпоставува дека двајцата се тешко вооружени, што го отежнува уште повеќе интервенирањето во куќата.

Целото село Орош е опкружено со полиција, а во областа пристигнала и брза помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанската министерка за Европа тврди дека ‘рбетот…

Албанската министерка за Европа и надворешни работи,…

Судот потврди дека вицепремиерката на Албанија не…

Специјалниот суд против корупција и организиран криминал,…

Поплавите ја однесоа првата жртва во Албанија

Лошото време со денови ја погодува целата…

Британска министерка наведе 700 албански семејства како…

Албанскиот премиер ја обвини британската министерка за…