Анчелоти испиша историја и го остави Гвардиола зад себе
Реал Мадрид ја победи Аталанта и така го освои Суперкупот на Европа, а со овој трофеј италијанскиот стратег Карло Анчелоти сруши и рекорд.
Анчелоти успеа да стане најтрофеен тренер во историјата на европскиот Суперкуп. Од вчера тој е единствениот тренер кој освоил пет пехари во ова натпреварување и зад себе го остави Гвардиола кој четири пати го креваше трофејот.
Првиот трофеј во Суперкупот Анчелоти го освои уште пред 21 година како тренер на Милан кога славеше над Порто. Во 2007 година триумфираше повторно со Милан, сега против Севилја.
Останатите три трофеи ги освои како тренер на Реал и тоа во сите три натпревари славеше победа од 2:0 против Севилја, Ајнтрахт и сега Аталанта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…