Апасиев го тужи Собранието

t

Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев, ја тужи институцијата на Собранието на Република Северна Македонија и нејзиниот претседател Африм Гаши, поради, како што наведува, неделовничко и противзаконско поништување на уредно закажаната надзорна расправа за трагедијата во Кочани.

Надзорната расправа, која требаше да се одржи на 8 јули годинава, била откажана спротивно на деловникот и законот, смета Апасиев. Тој поднел тужба до Управниот суд, тврдејќи дека со ваквата постапка биле прекршени основните процедури за свикување и одржување на надзорни расправи во законодавниот дом.

Апасиев оценува дека ваквите чекори претставуваат опасен преседан и ги поткопуваат механизмите за контрола и отчетност во Собранието, особено кога станува збор за теми од висок јавен интерес како што е трагедијата што ги потресе граѓаните на Кочани. Тој најавува дека ќе ги искористи сите правни средства за заштита на парламентарните процедури и демократските стандарди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев го тужи Собранието

Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија…

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа…

„Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува револт…

Собранието го усвои Ребалансот на Буџетот

Собранието денеска го усвои Предлогот за ребаланс…

Битиќи: Ова е ребаланс за изборен поткуп,…

Овој ребаланс не е развоен и не…

Најчевска: Мицкоски решава за сè, Собранието нека…

Професорката во пензија и граѓанска активистка, Мирјана…