Апасиев: Дипломата на Бојан Христовски има седум суштествени повреди – Како е издадена со печат со старото име на Универзитетот?

t

Гледаме дека аферата за Бојан Христовски полека стивнува, но од девет услови за избор на позицијата овде се проблематични дури пет, истакна Апасиев.

– Од девет услови кај овој човек проблематични се дури пет, досеа беше оспорувано тоа што нема 12 години работно искуство со 5 години на раководни позиции, второ се проблематизираше TOEFL сертификатот за познавање на англиски јазик, да не е член на политичка партија и да не е утврдено постоење на судир на интереси што е проблематично.

Јас сакам да го проблематизирам дело „да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС во општествени науки.

Од CV-то на господинот гледаме дека тој завршил ДИВ, единствено релевантно во делот на економски или општествени науки е дипломата од Факултет за туризам.

Ова е уверение и има три спорни моменти, се цитира член 238 о статутот на Универзитетот, статутот завршува со член 165, можеи е техничка грешка.

Вториот спорен момент е преку ноќ добиваат дипломи, тие 240 кредити се четиригодишни студии, лицето стои учебна година на запишување е 1.09.2022, а завршува 14 август 2023 година, овој лик успеал да положи четири години на економски факултет во неполни 11 месеци, значи положени 38 испити. Универзитетот што ја издава оваа диплома во јанари 2023 година го менува името Универзитет за туризам во Универзитет Скопје, еве ги печатите, во јануари печатот на Универзитетот е Универзитет Скопје, а печатот на ова Уверение е од стариот Универзитет. Како може ако престанало да постои тоа во правниот промет, кога тоа лице со тоа име веќе не постои, истакна Апасиев.

Во оваа диплома има дури седум суштествени повреди кои дипломата ги нема, а правилникот ги бара, оваа диплома веројатно само името и презимето на кандидатот, додаде пратеникот.

Прашањето е дали Вие сте запознаени со овие наводи и дали ова е доволен основ да пратите просветен инспекторат да ги провери овие основи? – праша Апасиев.

Премиерот Мицкоски истакна дека инспекција ќе биде испратена на сите Универзитети, вклучително и на овој Универзитет.

Апасиев додаде дека Христовски наместо четири години да земе во една, тој земал три плус една, остануваат останатите три основи. Апасиев исто така нагласи дека се надева дека оваа тема нема да се забошоти и дека му е мило што ќе се прати просветна инспекција во Универзитетите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…

Пратеник по Устав и по Деловник има…

(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…

Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…

Апасиев: Партијата на Мицкоски со ново предавство,…

Говор на претседателот на Левица проф. д-р…

Апасиев за Мицкоски: ги саботирате протестите, додека…

Каде се чуло и видело, најголема опозициска…

Зошто Мицкоски ги брани избрканите од „Комуналец“,…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…