Апасиев: ДПМНЕ го продаде кучата!

t

ДПМНЕ го продаде кучата, пишува на Фејсбук, Димитар Апасиев по лидерската средба.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прифатил да учествува во широка коалиција со СДСМ и на уставни измени кои би се спровеле откако ќе влеземе во Европската Унија.

„Разговаравме за предлози кои што ги даде Ковачевски, од кои би издвоил еден: тој предложи да во рамките на парламентот отпочне дискусија и се отвори, се изгласа потребата со 2/3 за промена на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која од десетте ресори кои ги менаџира СДСМ, пет да бидат дадени на ВМРО-ДПМНЕ, да бидат завршени уставните измени, да отпочне процесот на преговори за кои пред една година не убедуваа дека е почнат, а потоа да бидат затворени 1,2,3 поглавја зависно од брзината, а таа Влада да оди на парламентарни избори. На оваа понуда беше даден одговор: во ред, ја разбирам понудата и за истата го имам следниот став. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во Влада со СДСМ, но без учество на ДУИ во таа Влада“, кажа Мицкоски.

Единствен услов кој го поставил Мицкоски е ДУИ да биде надвор од таа Влада.

-ВМРО-ДПМНЕ во влада минус ДУИ, го почнуваме процесот на уставни измени, ама ќе важат измените кога ќе почне ратификацијата на протоколот за членство на Македонија во Европската Унија, вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…

Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…

Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…