Апасиев за договорот со Велика Британија: „Геополитичка аналфабетска одлука“
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку својот Фејсбук профил остро реагираше на најавата за склучување договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија. Според него, таквата надворешно-политичка ориентација е погрешна и историски, и геополитички.
Апасиев потсети на, како што ги нарекува, „историските неправди“ кои, според него, Велика Британија ѝ ги има нанесено на Македонија, вклучувајќи го „геноцидот врз Егејските Македонци“ и долгогодишното непризнавање на земјата под уставното име. Во тој контекст, тој оцени дека денешното приближување кон Лондон е „невиден политички слепилo“.
„Да склучиш договор за стратешко партнерство со Велика Британија во време кога западниот хегемонизам е во цивилизациско повлекување, а се раѓа нов мултиполарен свет предводен од супериорната Кина – значи да си геополитички аналфабет,“ напиша Апасиев.
Во својот статус, тој понуди и историска споредба:
„Тоа ти е исто како во XV век, кога е извесен падот на Византија, да склучиш пријателство со неа – наместо со Отоманците кои ќе владеат со регионот наредните 500 години.“
Апасиев предупреди дека вакви „кусоогледи лидери“ можат да доведат до целосно губење на државата во наредната генерација, доколку, како што вели, „не се опаметиме“.
„Немаме многу време, бога ми“, заклучува тој, со критичкиот хаштаг: #БаравтеГледајте.
Реакцијата на лидерот на Левица доаѓа во контекст на засилените дипломатски активности на македонската влада, кои вклучуваат потпишување нови билатерални договори со западни земји, меѓу кои и Обединетото Кралство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…