Апасиев за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Отидоа на баци рака кај Ахмети, полубогот на собранискиот шверцерат
Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев преку својот Фејсбук профил ги коментираше коментираше изгласаните измени во Законот за организација на работата на органите на државната управа и зголемувањата на бројот на министерства.
– Се курчеа, се курчеа и на крај пак ДУИ им направи 2/3 мнозинство, во три саат сабајле – за да ги зголемат бројот на министерства (од сегашните 15 на 20).
Не сакајќи да воведат една изборна единица, отидоа на баци рака кај полубогот на собранискиот шверцерат – Али Ахмети да им даде десетина гласа, а за возврат да му опростат некој криминал, напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.
Левица се огласи и преку соопштение, каде пишува дека ова гласање покажало дека старите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се повторно заедно.
„ДПМНЕ молкум ја одби условната поддршка на Левица за реорганизација на министерствата и обезбедување на 2/3 мнозинство со воведување на една изборна единица и реши да седне на маса со нивниот стар коалициски партнер ДУИ.
Вчера остварената средба помеѓу ДПМНЕ и ДУИ очевидно поминала со успешно пазарење кое што се одрази со потполна поддршка на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа од страна на ‘Европскиот фронт’.
И покрај основаните сомнежи и издржани критики коишто беа истакнати од страна на пратениците на Левица, ниту еден пратеник од мнозинството, ниту пак предлагачот Мицкоски не се осмели да ја брани предложената реорганизација на министерствата.
Старите партнери повторно ја обелоденија широката коалиција, каде за разлика од претходно, ЗНАМ се јавува како посебен политички субјект и уште на втората седница прогура шверцерат на системски закон“, велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Отидоа на…
Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…
Пратеник по Устав и по Деловник има…
Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…
Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…