Апасиев за Рашковски: Купи си саат ко Мицкоски од 60.000 евра и помини си ко господин човек
Иако екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски демантираше дека фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал покритие, продолжува реакциите во јавноста. Со став се огласи и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Го фатиле Рашко со 20.000 евра на граница, у кеш… Ебате аматерот. А бе купи си саат ко Мицика од 60.000 евра и помини си ко господин-чоек“, стои во објавата на Апасиев.
Претходно и ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Рашковски во текот на вчерашниот ден бил фатен на граничниот премин „Ново Село“ со сума од 20 илјади евра кеш за кои немал покритие.
„Ги прашуваме и СДС и Рашковски, дали овие пари со кои бил фатен на граница се дел од перените пари од случајот “Софтвери”? Дали СДС ќе се огради од Рашковски, а со тоа и од Заев кој важи за најблизок соработник своевремено на Рашковски? Дали СДС има намера да се реформира и да почне да внесува чесни луѓе кои треба да им ја водат партијата, а не вакви како Рашковски, Заев и Филипче?“, порача Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешниот генсек на Владата вчера информира дека станува збор за легално пријавени средства на царинскиот службеник со извод од банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев го тужи Собранието
Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија…
Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…
Иако Владата се фали со „успешни мерки”…
Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…
Пратеник по Устав и по Деловник има…
(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…
Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…
Апасиев: Партијата на Мицкоски со ново предавство,…
Говор на претседателот на Левица проф. д-р…