Апасиев: Командант на УЧК ѝ се заканува на градоначалничка, Тошковски си ќути
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска преку објава на социјалните мрежи ги обвини Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за молк и неактивност, откако, како што посочува, поранешен командант на УЧК ѝ упатил закани по живот и семејство на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Во земја-членка на НАТО, поранешни команданти на УЧК ѝ се закануваат на градоначалничка, а полицијата и обвинителството – мува не ги лази!?“, напиша Апасиев, додавајќи дека пред неколку месеци бил уапсен пијан граѓанин кој пцуел градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.
Апасиев ја искритикува власта за селективна правда и иронично го праша дали ова е „владеење на правото“ што го промовираат премиерот Мицкоски и министерот Панче Тошковски.
Ниту МВР, ниту ЈО сè уште не се огласиле по повод наводните закани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев: Командант на УЧК ѝ се заканува…
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска преку…
Мицкоски верува дека Македонија ќе биде во…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази уверување дека…
Рускиот министер за транспорт пронајден мртов само…
Роман Старовоит, кој до пред неколку часа…
Затворен преминот Долно Блаце за сите видови…
АМСМ информира дека граничниот премин Долно Блаце…
Спасовски: Власта повторно не покажа ниту одговорност,…
Владата не не само што не покажа…