Апасиев: некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш, за да можеме да победиме

t

,,Борбата за правична и поубава Македонија за сите нас е Борбата што вреди!

Како претседател на Левица, Ви пишувам со големо чувство на благодарност…

Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за неумоливоста и вербата на секој наш член, гласач, поддржувач, симпатизер и граѓанин кој верува во нашата искреност и визија за подобра иднина.

На ЧЛЕНОВИТЕ на Левица им должиме огромна благодарност! Вашата посветеност и пожртвуваност, истрајноста наспроти притисоците и работата за нашата заедничка кауза се движечката сила позади нашиот континуиран успех. Растот на Левица од нула до она што е денес, организирањето теренски активности за контакт и дискусии со граѓаните, вклучувањето во кампањите, сета напорна работа и масовна мобилизација не останаа без резултат. Вашата издржливост, одлучност и на моменти фанатична посветеност во клучните мигови е она што дополнително нè поттикна да одиме решително напред во секоја криза и ни овозможи да направиме сериозна разлика во политичката култура во Македонија.

На нашите ГЛАСАЧИ им благодариме за дадената доверба. Вашата храброст да постапите различно од сите останати, вашата мудрост да ги препознаете искрените заложби наспроти бројните лаги и манипулации во етерот, како и вербата во нашата работа и кауза е катализатор на промените кои претстојат. Ја разбираме тежината на одговорноста што ни ја доверивте и ветуваме дека чесно и доблесно ќе работиме за да бидеме достојни на Зборот даден кон вас. Идејата за поубава Македонија е жива и преку нашата работа во законодавниот дом ќе ја чуваме и работиме на нејзина реализација. Вашиот глас ни даде простор да се залагаме за политики кои даваат приоритет на благосостојбата на граѓаните, заштита на животната средина и на националните ресурси, унапредување на состојбите во здравството, образованието, правосудството, но и заштита на националното прашање и македонскиот идентитет. 

На сите наши СИМПАТИЗЕРИ и поддржувачи (дома и во странство), ви благодариме што останавте покрај нас во текот на нашиот перманентен раст и созревање на политичката сцена. Без разлика дали тоа беше преку волонтирање, донации, јавна поддршка, споделување на нашите идеи или друг начин, вашата поддршка е непроценлива! Вербата во нашата левичарска Кауза ја поттикнува нашата решителност уште поборбено да тргнеме кон значајни промени и да создадеме пофер, попрaвично и порамноправно општество за нашиот народ.

Борбата која ни претстои не сме наивни да веруваме дека ќе биде лесна. Напротив, свесни сме дека ќе биде сериозен предизвик. Сепак, со вашата континуирана поддршка убеден сум дека можеме да дојдеме до уште подобри резултати кои ќе значат надеж, но и можна поубава иднина дома, во Македонија. 

Заедно докажавме дека трулиот систем може да се изигра.

Дека најголема закана за него се чесните граѓани организирани во борбена работничка Партија, кои се спремни да бидат над матрицата на клиентелизмот и личниот интерес понуден од „змијата” (СДС) или „магарето” (ДПМНЕ).

Дека токму тие луѓе исфрлија шест нечесни и на нивно место донесоа шест чесни народни пратеници, а разликата допрва ќе ја сведочиме.

Со Левица, нема веќе инфериорни Македонци во сопствената држава!

Со цел на нè запрат – прво нè игнорираа, потоа нè исмеваа, па нè напаѓаа, а сега, веќе ни се плашат!

Затоа, Борбата не смее да запре, сè додека не ги победиме!

Фала ви на сите, од сè срце”, пишува Апасиев.

Во ,,пост скриптум” Апасиев додава: 

p.s. Се гледаме во новиот собраниски состав. 

Да ги преброиме зулумите!

Да ги израмниме есапите! – напиша Апасиев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…