Апасиев: Оваа политичка дискриминација ќе се расправа во Европскиот суд за човекови права во Стразбур – Левица најавува тужба за АВМУ и ДИК
Фејсбук објава на претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев
Видете го лицемерието на АВМУ (Зоран Трајчевски) и ДИК (Борис Кондарко)…
Кога беше за “Независните” не им беше проблем да се стават во улога на законодавец и со подзаконски акт да регулираат правна празнина.
Кога е за ЗНАМ, дури во Упатството за платено политичко рекламирање измислуваат и нов вонзаконски термин “поддржувач” (иако законот оперира само со терминот “коалиција”), за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, иако не се формално во коалиција и имаат две бројчиња.
Ама кога е за Левица – не можеле они да толкуваат!? (иако целта на законот е СИТЕ ПАРТИИ и парламентарни и вонпарламентарни да добијат средства од државата). Тоа во правото се вика телеолошко толкување, ама многу сте прости, пакосни и корумпирани да го сфатите, па се држите само до граматичко-позитивистичкото.
Па така, за прв пат во независна Македонија на една легална регистрирана партија ефективно ќе и биде ЗАБРАНЕТО ДА СЕ РЕКЛАМИРА дури и со свои пари! Слушајте ми го зборов дека за оваа политичка дискриминација ќе се расправа дури и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Но, оваа НЕПРАВДА која ни ја прават ќе предизвика “ефект на бумеранг”, па наместо штета – бидете сигурни дека НАРОДОТ гледа и интуитивно се солидаризира со оној на кој му се прави лошотилак!
p.s. Не се откажуваме ниту од правната борба. Нашиот правен тим ќе спреми и кривични пријави и тужба за оштета против сите членови на ДИК и на Советот на АВМУ, за предизвикана материјална штета на Левица која ќе ја утврдиме дополнително, со финансиско вештачење.
p.p.s. Уставниот суд, коо по обичај, не е од тука. Го има фатено зимскиот сон, иако “ПЛУРАЛИЗМОТ” и слободните и фер избори се темелни вредности на нашиот уставен поредок кои тој нели, божем, треба да ги штити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев: Оваа политичка дискриминација ќе се расправа…
Фејсбук објава на претседателот на партијата Левица,…
Параглајдинг несреќа на Галичица: Германец доживеа тежок…
Планинската спасителна служба Охрид извести дека вчера,…
Димитриеска-Кочоска: Приватниот сектор е двигател на економскиот…
Економските показатели во одредени сектори конечно покажуваат…
Калас: Трамп е во право, зависноста од…
Еден од највисоките функционери на ЕУ изјави…
ЦУК: Утрово 3 активни пожари, 4 под…
До 7 часот утрово на територијата на…