Апасиев: Плаќајте вие ЗДРАВСТВЕНО, за Косоварите да се лечат преку ред
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, денеска изјави дека косовските граѓани и граѓаните на Албанија ќе можат под исти услови и со исти цени да се лекуваат како и македонските граѓани.
Ова го коментира лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој на Фејсбук напиша:
-Плаќајте вие ЗДРАВСТВЕНО, за Косоварите да се лечат преку ред.
Министерството за здравство донело одлука за израмнување на цените на здравствените услуги во Македонија, како за државјаните на земјата така и за граѓаните од Косово и Албанија. Целта е граѓаните на овие земји да се третираат еднакво за здравствените услуги и да плаќаат колку македонските државјани, пренесе ТВ21.
-Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион – изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.
Министерот Меџити вели дека тука нема да застане туку ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…
Пратеник по Устав и по Деловник има…
(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…
Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…
Апасиев: Партијата на Мицкоски со ново предавство,…
Говор на претседателот на Левица проф. д-р…
Апасиев за Мицкоски: ги саботирате протестите, додека…
Каде се чуло и видело, најголема опозициска…
Зошто Мицкоски ги брани избрканите од „Комуналец“,…
Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…