Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава против Мицкоски
Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, со статус на социјалните мрежи реагираше за последните приведувања на полициски службеници, поврзани со трагедијата во Кочани.
„Сите наведени валкани полицајци од кривичната пријава на Левица против премиерот Мицкоски се уапсени. Вака ли “се беше чисто” и никого не штитевте за трагедијата во Кочани!?”
Во својот статус, претседателот на Левица јавно ја прозва власта зошто дури после три месеци постапува и праша колку докази се уништени во меѓувреме.
На 28 мај, пратеничката група на Левица поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски за кривично дело „попречување на правдата“, поврзано со трагедијата во Кочани. Во поднесената кривична пријава, Левица наведе повеќе функционери кои не беа опфатени тогаш во истрагата. Меѓу нив беа началничката на ОВР Кочани, началникот на Одделот за криминалистички работи во Кочани, началникот на СВР Штип, главната инспекторка за економски криминал во ОВР Кочани, сменоводителот во ПС Кочани, сопственикот на приватната агенција за обезбедување и директорот на ДПИ, Влатко Стојковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…
Дебар Маало ќе се затвора за возила…
Со овој пилот-проект кој веќе е готов…