Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за Кочани на Постојаната анкетна комисија во Собранието
Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, најави дека како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието, следната недела ќе закаже посебна комисиска седница на која ќе се разгледува претставката од семејствата на загинатите во Кочани испратена преку „Здружението 16 март“.
„На седницата ќе се расправа за изнесените наводи поврзани со страшната трагедија во дискотеката ‘Пулс’, а на неа официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, објави Апасиев на Фејсбук.
Комисиската расправа која за следната недела ја најавува Апасиев е засебна од онаа што пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче, најави дека ќе биде иницирана од пратеничката група на СДСМ. Филипче вчера објави дека пратениците на СДСМ до Собранието денеска ќе поднесат предлог за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.
Филипче: СДСМ ќе поднесе предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за случајот „Пулс“
За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница…
Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, најави дека…
Утре почнува судењето за трагедијата во „Пулс“
Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во…
Утре почнува судскиот процес за трагедијата во…
Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во…
Акакдемски пленум на Србија: До кога полицијата…
Академскиот пленум на Србија остро го осуди…
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница…
Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев,…