Апасиев со порака до Османи: Не бе, скоту, масакрот кај Вејце не смее да се заборави!
Министерот за внатрешни работи на Македонија, Бујар Османи, вчера по повод годишнината од масакрот кај Буча порача дека масакрот во овој украински град не смее да се заборави.
Во своето обраќање, Османи ја повика Руската Федерација на итен прекин на огнот во Украина и безусловно повлекување на своите воени сили и потсети дека имињата Буча, Ирпин и Мариупол се очигледен потсетник дека мирот и човечкото достоинство не ни се секогаш загарантирани.
Додека меѓународната заедница бара правда, тој повика жртвите на овие злосторства да не бидат заборавени, нагласувајќи дека огромното уништување низ цела Украина сè уште продолжува, а тоа значи и целосно непочитување на вредноста на човечкиот живот.
– Одговорноста мора да надвладее. Не може да има неказнивост за воените злосторства, меѓународната заедница не може да остане нема и да дозволи сторителите да останат неказнети. Затоа, мора да се дејствува решително. Прекршувањето на меѓународното хуманитарно право мора да се реши – рече Османи.
На ваквата изјава му врати лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој на Фејсбук напиша:
Не бе, скоту!
Масакрот кај ВЕЈЦЕ не смее да се заборави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетник во Струга со мотоцикл прегази девојче…
МВР информира дека синоќа во 19.50 часот…
Левица оддаде почит на загинатите во Вејце…
„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо…
Бојмацалиев: Почит кон споменот и сеќавањето на…
Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи…
23 години од масакрот кај Вејце –…
Денеска се одбележуваат 23 години од нападот…
(Видео) Левица претстави идеен проект: Ќе изградиме…
Левица ќе изгради спомен обележје на бранителите…