Апелација ја укина затворската казна на Годана Јанкуловска за “Титаник”
Скопска Апелација ја објави одлуката за случајот „Титаник“, со која на дел од обвинетите им ги намалува или им ги укинува казните. Останува изречената условна казна за поранешниот шеф на кабинетот на експремиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер.
Условна казна доби и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која со одлуката на првостепениот суд беше осудена на затворска казна. Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на единствена казна затвор од 3 години и 6 месеци.
Во овој случај, Јанкулоска лани во февруари беше осудена на две и пол години затвор.
Случајот „Титаник 1“ се однесува на кривични дела против изборите и гласањето за парламентарните избори во 2011 и локалните избори во 2013 година.
Во случајот „Титаник“, обвинети се и поранешниот премиер Груевски, поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешниот пратеник Илија Димовски, некогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, како и 12 други обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…
Зеќири се расплака во завршните зборови на…
Во завршните зборови на судењето против поранешниот…
Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…
Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…
Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“…
Постапката е запрена поради сменети искази на…