Апелација ја укина затворската казна за Лидија Димова

t

Апелацискиот суд ја укина пресудата со која Лидија Димова, поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше осудена на двегодишна казна затвор за злоупотреба на службената положба и предметот го врати на повторно судење, пишува „Слободен печат“.

Според нивните сознанија, укинат е и делот со кој Димова требаше да врати 370 илјади евра кон Националната агенција. Според Апелација, во првостепената пресуда не било јасно за кои дејствија Димова се огласува за виновна, а за кои дејствија се ослободува од обвинение.

Судот смета дека пресудата е нејасна и неразбирлива зашто од една страна Димова се осудува за „злоупотреба на службената положба“ а од друга страна се ослободува за „измама на штета на средства на Европската заедница“ без да се каже за кои дејства од второто дело се ослободува.  Со други зборови, Апелација смета дека првостепениот суд морал во пресудата да наведе какви дејствија презела Димова, а за кои дејствија се ослободува од вина.

На Димова ѝ се ставаше на товар дека од 2018 до 2020 година како директорка на Агенцијата што раководи со „Еразмус+“ програмата, со намера за друг да прибави значителна имотна корист ангажирала надворешни соработници, експерти и обучувачи без јавен конкурс. Исто така, ѝ се става на товар дека незаконски го спровела преселувањето и реновирањето на Националната агенција во нови простории, како и дека одобрувала исплата на дневници за патувања во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација ја укина затворската казна за Лидија…

Апелацискиот суд ја укина пресудата со која…

(Видео) Со албански и американски знамиња се…

Од Камениот мост во Скопјe денес започна…

Протести во Скопје поради неполагањето на правосуден…

Утре (06.04.2026), со почеток во 12:30 часот…

Посебен сообраќаен режим во недела во Скопје

Во недела во Скопје ќе има посебен…

Во еден ден прегазени тројца пешаци –…

МВР информира дека вчера околу 12:00 часот…