Апел за помош: На Леонид му е потребно итно лекување и рехабилитација во странство
ВАЖНО и ИТНО: Младиот Леонид Индов (18), кој беше дел од победничкиот тим AERTH на NASA Space Apps Challenge 2022 од Скопје, летово доживеа сериозна несреќа за време на летување во Грција, по што му беше направена комплицирана операција на ‘рбетниот столб.
НА ЛЕОНИД МУ Е ПОТРЕБНО ИТНО ЛЕКУВАЊЕ СО РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА!
За жал во Македонија нема соодветна установа и методи за лекување, а секое дополнително чекање ќе го направи опоравувањето многу потешко. Клиники од Австрија и Швајцарија веќе го разгледаа неговиот случај и даваат солидни шанси за опоравување.
Со вашата поддршка ќе му го дадете најубавиот Новогодишен подарок на Лео и ќе помогнете да продолжи да биде инспирација за следните генерации . Секој мал придонес ќе помогне во остварувањето на неговиот сон за нормален живот .
ВЕ МОЛИМЕ ДОНИРАЈТЕ преку:
- Јавување на телефонските броеви Т-мобиле: 143-118 / А1: 143-500 (100 денари од јавување)
- За уплата од Македонија: 210-7000006805-91 НЛБ Банка
- За уплата од странство: IBAN: MK07210501567799991, SWIFT: TUTNMK22, NLB BANKA AD SKOPJE
- Уплата од странство со картичка преку GoFundMe: https://bit.ly/Donate4Leo
Лео е исклучително момче, кое зрачи со посебна енергија, добрина и кроткост. Тој е и голем другар и талентиран млад програмер, кој оваа година требаше да оди во 4та година во Матматичката Гиманзија, но на него и неговото семејство им претстои голема борба.
Сега е моментот да покажеме колективна добрина, човечност, како и корпоративна одговорност, за што побрзо да ја вратиме намевката на неговото лице!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Револуција во прилепското здравство: Спасена рака со…
Во Општата болница во Прилеп е изведена…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…