Аплицирала за работа, одговорот го добила по 48 години – Еве што се случило
Тизи Ходсон, 70-годишна жена од Гедни Хил, Линколншир, не можела да им поверува на своите очи кога ја отворила добиената пошта и открила дека нејзиното оригинално писмо со барање за работа како каскадер на мотоцикли, испратено во јануари 1976 година, било таму сите овие години зад фиоката за пошта.
И покрај тоа што не ја добила таа работа, неуспехот не и ја загрози кариерата бидејќи нашла работа со која го обиколила светот, пишува Би-Би-Си.
Опишувајќи го вратеното писмо како „неверојатно“, г-ѓа Ходсон вели: „Секогаш се прашував зошто не слушнав ништо за работата. Сега знам зошто“.
На горниот дел од писмото имало рачно напишана белешка на која пишувало: „Доцна испорака на пошта во Стејнс. Пронајденo зад фиока. Доцни околу 50 години“.
Г-ѓа Ходсон не знае кој и го вратил писмото, ниту како ѝ стигнало.
„Како ме најдоа кога се преселив околу 50 пати, па дури и ја сменив земјата четири или пет пати, е мистерија“, рече таа.
Многу ми значи што ми се врати назад одговор толку многу години подоцна, вели Тизи. „Јасно се сеќавам дека седев во мојот стан во Лондон и пишував писмо. Секој ден барав одговор, но немаше ништо и бев многу разочарана затоа што навистина сакав да бидам каскадер на мотоцикли“.
За среќа на г-ѓа Ходсон, молкот по нејзината апликација не ја спречи да се обиде да најде други работни места.
Таа се преселила во Африка, работела како ракувач со змии, научила да лета и станала аеробатски пилот и инструктор по летање.
-Изгледа неверојатно по толку време да се добие писмо назад, коментира таа.
„Кога би можела да разговарам со јас помладата, би ѝ рекла да оди и да направи се што сум направила. Имав толку прекрасно време во мојот живот, иако скршив неколку коски“, додава Тизи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…